| четврток, 6 декември 2018 |

500 евра веќе нема да постојат!

Криминалот е дејност во која се плаќа исклучиво со готовина, па овие банкноти помагаат со големите апоени, објаснува полицијата во Италија, која проценува дека повеќе од 90 отсто од банкнотите од 500 евра циркулираат во мафијата

Гувернерот на Европската централна банка, Марио Драги, најави дека се подготвени да ја разгледаат можноста да престане печатењето на банкнотата од 500 евра, поради тоа што потпомага криминална дејност.
Драги истакнал дека за овој потег размислуваат поради константните предупредувања на полициите дека овие банкноти најмногу се користат на црниот пазар.
Сепак, членовите на управниот одбор на банката бараат и дополнителни докази дека не се работи само за инсинуации.
Во Велика Британија користењето на банкнотата од 500 евра е запрено, па овие банкноти не можат да се добијат на банкоматите од 2010 година, зашто 90 отсто од побарувачката на овие банкноти доаѓала од криминални кругови.
Централната банка на Италија опишува на кој начин банкнотите со големи апоени се погодни за продажба на дрога или за затајување данок, зашто полесно се кријат и се пренесуваат поголеми суми пари.
„Криминалот е дејност во која се плаќа исклучиво со готовина, па овие банкноти помагаат со големите апоени”, објаснува полицијата во Италија, која проценува дека повеќе од 90 отсто од банкнотите од 500 евра циркулираат во мафијата.
Повлекување на овие банкноти разгледува и Финска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top