| четврток, 6 декември 2018 |

Земјоделците го извисија СДСМ: Очаен одѕив за најавените блокади на патот до Облешево

Иако претходно најавија блокада на патот до Облешево, на самиот протест се појавиле десетина лица од СДСМ, кои поради слабиот одѕив се откажале од намерата.

sdsm-traktor

Собирот го предводеа лица од СДСМ за кои има судски пресуди.

Претставникот на здружението „Бело злато“ е Зоран Борисов од село Тркање. Против него има поднесено повеќе кривични пријави за злоупотреби. Се обвинува дека додека бил претседател на водна заедница направил тежок криминал, наплаќал пари од народот, а не издал приемница. На граѓаните што немале пари да платат, сметките им ги наплаќал земајќи им ориз. Земјоделците кои биле жртви на неговите измами се дадени на извршители и се соочуваат со проблеми.

Други фирми преработувачи и откупувачи, блиски до СДСМ кои вршеле злоупотреби се „Агро-Грга“, „Даниво“ д.о.о.е.л. и други. Наместо да платат пари до чесните земјоделци, нивните челници возат луксузни автомобили како БМВ, „мерцедес“ и „пасат“, кои чинат до 70.000 евра. На овие протести на СДСМ може да се види и претседателот на разгранокот на партијата од Чешиново Облешево.

Овие лица очигледно е дека немаат искрени намери и дека работат за лично богатење и собирање на политички поен во име на СДСМ. Ним не им се грижа земјоделците на чиј грб прават криминали, ги злоупотребуваат за сопствена корист.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top