| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепчани порачаа: Избори се решението за крај на агонијата во која се наоѓа Макеоднија (ФОТО)

Граѓаните се обединети за крај на кризата и гласно порачуваат: Избори се единственото решение за крај на агонијата во која се наоѓа Макеоднија.

prilep-gdom

Граѓанското движење за одбрана на Македонија вечерва одржа народни собири во девет градови: во Битола, Штип, Велес, Делчево, Гевгелија, Струмица, Куманово, Радовиш и Тетово.

Иако не беше најавен собир во Прилеп, прилепчани самоиницијативно излегоа во градот да ја испратат пораката „ДА за избори, НЕ за деструкциите на СДСМ“.

prilep-2gdom

-Македонија е обединета. Стоп за деструктивните сценарија, доста ни е од наметнатата криза. Избори мора да има, народот мора да го искористи демократското право да одлучува за својата иднина, порачуваатод ГДОМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top