Двојка од Сирија се венча среде малите зелени шатори во бегалскиот камп Идомени на македонско-грчката граница.
Како што пренесува телевизијата Телма се работи за момче на 27 години и девојка на 20 години кои заминале од Сирија со надеж да успеат да стигнат во Германија и таму да започнат нов, заеднички живот.
Со затворањето на балканската рута нивните планови целосно се измениле и тие изминативе два месеци живеат во Идомени. Поради неизвесноста за тоа што ќе се случува понатаму, двојката одлучила вчера да се венча. За малата церемонија, венчаницата, тортата и декорирањето на шаторот помогнаа и белгаците и дел од волонтерите.
Според официјалните бројки на Идомени има 10.172 бегалци, од вкупно 53.731 колку што има на целата територија на Грција. Грчката влада се надева дека во следните десетина дена да успее да релоцира 4.500 бегалци од Идомени во новите бегалски центри во Солун и со тоа да започне празнењето на кампот.
Весникот „Етнос” пренесува дека минатиот четврток заминале 200 бегалци кон од Идомени, а според информациите од полицијата многумина други изразиле интерес да се префрлат во центрите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.