По повод одбележувањето на 113-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, партиска делегација на СДСМ (Максим Димитриевски, член на Извршниот одбор на СДСМ, Татјана Прентовиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ, Цветанка Ласкова, претседателка на Форумот на жени на СДСМ) му оддаде признание на великанот на македонската борба за слобода, самостојност и државност. Ваквиот чекор, секако, е за поздравување, но не може а да не се забележи лицемерството на СДСМ, партијата што стои зад сквернавењето, бојадисувањето и уништувањето на спомениците.
Додека наутро наводно оддаваат почит и признание, нивните вандали попладне со сите сили атакуваат врз обезличување на овие спомен-обележја, што само уште еднаш потврдува колкав е степенот на лицемерството во редовите на опозициската партија.
Изминативе денови беа уништени низа спомен-обележја на македонските револуционери, меѓу кои споменикот на АСНОМ, релјефите на Порта Македонија, релјефите на Сирма Војвода, Дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп-Георгиев Беровски со четите, заклетвата на ВМРО, Питу Гули со четата, Васил Чакаларов, Пандо Кљашев со соборците, Партенија Зографски, Григор Прличев и низа други.
Во хулиганството, нападот на полицијата, кршењето на прозорците и уништувањето на спомениците и разните државни и приватни објекти, крадење, палење и уништување на инвентарот во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија, сквернавењето на Порта Македонија, фрлањето боја и прашок за перење во фонтаната на Александар Македонски, „бомбардирање“ со боја на зградите на Министерството за култура, Владата на Република Македонија, Агенцијата за медиуми и др., на протестите организирани од невладините на Сорос и СДСМ, учествуваат високи функционери и членови на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.