На старите лични карти на дното на првата лева и првата десна страна постојат со црвена боја испишани броеви. Со помош на оваа финта во СФРЈ полицијата знаела дали имате досие штом ќе ви ја погледнале личната карта.
Меѓутоа, доколку последната бројка на првата страна се разликува од бројката на истата позиција на другата страна тоа значело дека таа личност е кривично осудувана онолку пати колку што тие бројки се разликуваат.
Имено, тоа во поранешна Југославија, пред се за полицијата па тогаш и на другите државни органи на кои граѓаните им ги давале личните карти на увид, било првиот знак со кого имаат работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.