Фудбалерите на Атлетико Мадрид се пласираа во финалето на Лига на Шампиони. Вечерва во Минхен загубија од Баерн со 2-1, но со победата од 1-0 од првиот натпревар конечниот резултат е 2-2, а голот во гости вечерва беше пресуден за пат во финалето.
Неверојатен натпревар на „Алијанц Арена“ во Минхен, каде видовме два промашени пенали и тоа во моменти кога нивна реализација практично ќе го решеше победникот. Прво Милер промаши за 2-0, а потоа на другата страна Торес пропушти шанса да израмни на веќе недостижни 2-2 во тој момент.
Баерн поведе со голот на Чаби Алонсо во 30. минута, во 54. израмни Гризман, а конечните 2-1 ги постави Левандовски во 74. минута.
Баварците го започнаа мечот енергично и офанзивно како и што можеше да се очекува од екипата на Пеп Гвардиола.
Домаќините имаа неколку солидни шанси, најчесто од далечина, а најблиску до погодок беше Левандовски во 15. минута, кога со глава биеше покрај голот.
Атлетико имаа два солидни обида од поголема далечина, но Мануел Ноер не дозволи да биде изненаден.
По половина час игра, Баерн ја искористи својата иницијатива. Фернандез го собори Алаба на 20-тина метри од голот, а Чаби Алонсо од слободен удар упати силен шут низ живиот ѕид и го матираше гостинскиот голман Јан Облак.
Само четири минути подоцна Баерн имаше огромна шанса да ја зголеми предноста, но ударот на Томас Милер од белата точка го одбрани Облак.
Гостите од Мадрид не можеа да замислат подобар почеток на второто полувреме. Атлетико ја искористија првата лоша поставеност на домашната одбрана, Гризман по двојното додавање со Торес излезе сам пред Ноер и беше прецизен за 1-1.
Овој гол ја поремети играта на Баерн кој сега веќе мораше да постигне минимум 2 гола за пласман понатаму.
Во 74. минута Баерн ја изведе најдобрата акција во вториот дел, Алаба центрираше од левата страна, Видал со глава ја врати топката до Левандовски кому не му беше тешко да погоди од непосредна близина за 2-1.
Домаќините по овој гол тргнаа упте посиловито да напаѓаат, целосно го притиснаа Атлетико во шестнаесетникот. Милер имаше нова шанса, но биеше само покрај голот.
Во 84. минута Атлетико имаше огромна шанса да го оконча пласманот во финале, но Фернандо Торес не успеа да погоди од белата точка. Како и на спротивната страна, голманот ја прочита страната и го одбрани ударот. Мануел Ноер ја одржа надежта на својот тим за уште неколку минути.
Сепак, до крајот Баерн не успеа да постигне уште еден гол и Атлетико е првиот финалист, кој на 28. мај во Милано ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, кој на програмата е утре вечер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)