| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на краткиот филм „Еклер“ во кино „Милениум“

В среда, на 4 мај, во 21 часот во скопското кино „Милениум“ ќе се одржи премиерата на краткиот игран филм „Еклер“, во режија на Марко Ѓоковиќ, информираат од продуцентската куќа „Фрагмент филм“.

a58e8246-dcef-492d-8d11-10bdefa55b2c

Филмот „Еклер“ е приказна за синот на готвачката во Маршаловата вила, кој по десет години, првпат, добива шанса да ја проба храната што цел живот гледа како се готви, а не смее да ја пипне.

Во филмот играат: Давид Тодосевски, Дина Јовевска, Звезда Ангеловска, Игор Ангелов, Борис Дамовски, Горан Трифуновски, Сара Климоска и Емил Костовски.

Авторскиот дел од екипата го сочинуваат: Александар Крстевски – директор на фотографија, Иван Бартлинг – сценограф, Емилија Ивановска Атанасовска – костимограф, Симона Ристевска – шминкер, Горан Вуќиќ – монтажер, Игор Поповски – дизајнер на звук и Огнен Атанасовски – композитор. Продуценти на „Еклер“ се Дејан Крајчевски, Марија Димитрова и Емилија Чочкова.

„Еклер“ е во продукција на „Фрагмент филм“, а копродуценти на филмот се Круг Филм, Вертиго Визуал и Аудио Хаус од Македонија и Кубе Студио од Албанија. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија.

Од петти мај четврток, филмот „Еклер“ ќе се прикажува на редовен репертоар во кино „Милениум“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top