Косово од денеска е најновата членка на УЕФА, откако на денешниот Конгрес со 28 гласа за, 24 против и два неважечки гласа стана 55-та членка на европската куќа на фудбалот.
Косово на Конгресот во Будимпешта имаше намера да го смени статутот по кој членка на организацијата може да биде само земја чија незавиност ја признаваат Обединетите нации, а во предлогот имаа намера Обединетите нации да ги сменат со формулацијата „поголем дел од меѓународната заедница во Европа“.
Од 54 членки на УЕФА, за промена на Статутот гласаа 33 земји, што е за три гласа помалку од потребното двотретинско мнозинство или 36 гласа. Откако Статутот не беше усвоен, швајцарската делегација побара тајно гласање за статусот на Косово и тој беше усвоен.
Вршителот на должноста претседател на Европска фудбалска унија, Шпанецот Анхел Вилјар, изјави дека прашањето за Косово за членство во таа организација е крајно чувствително и најави можност за „политички последици“.
Барањето на Косово за прием во таа организација го образложи Фадил Вокри, кој изјави дека тој суштински се сведува на тоа „дали некој на децата на Косово ќе им забрани или оневозможи да играат фудбал“.
Претседателот Фудбалскиот сојуз на Србија, Томислав Караџиќ, на почетокот од неговиот говор го поздрави Мишел Платини, со желба „што побрзи да ги реши проблемите за да не се дојде до ситуација да се појават повеќе сојузи отколку земји“.
– Се надевав дека никогаш немаше да говорам за оваа тема, бидејќи верувавме дека ќе бидеме успешни во тоа да ја држиме политиката надвор од фудбалот.
Признавањето на Косово од страна на УЕФА значи дека оваа земја наскоро ќе стане членка и на ФИФА, па ќе игра во квалификациите за Светското првенство во 2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации