Сините“ не сакаа така лесно да ја предадат шампионската титула, па по негативата од 0-2 се вратија во вториот дел. Израмнија на 2-2 со голот на Еден Азар во 83-тата минута и официјално го крунисаа Лестер за нов и сензационален шампион на Англија. Веднаш по натпреварот Гус Хидинк потврди дека добил телефонски повик од Клаудио Раниери за да му се заблагодари за резултатот.
– По завршувањето на натпреварот добив телефонски повик од Раниери. Тој се јави и ни се заблагодари за тоа што го направивме во второто полувреме, а јас му честитав на шампионската титула. Неможев да го видам но можеше да се забележи дека му трепери гласот. Тој не рече многу, само „ви благодарам“ пет пати. Лестер ја заслужи титулата. Можеби веќе не се изнедување, но секако се шок за многу поетаблираните клубови што одиграа така добро. Можете да бидете на врвот како изненадување една половина од сезоната, но тие не попуштија. Немаше тензија кога почнаа да ја „мирисаат“ титулата и затоа мислам дека целосно ја заслужија – изјави менаџерот на Челси, Гус Хидинк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.