Синоќа во САД продолжија натпреварите од плејофот во НБА лигата.
Екипата на Оклахома успеа да го измрани резултатот на 1-1 во полуфиналната серија во западната конференција правејќи брејк на гостински терен против Сан Антонио (97-98).
Избраниците на Грег Попович во најнезгоден момент го доживеаја само вториот пораз оваа сезона бидејќи ја загубија предноста на домашен терен и сега во следните два меча ќе и гостуваат на Оклахома. Кевин Дурент и Расел Вестбрук овој пат беа одлични и искомбинираа вкупно 57 поени, првиот постигна 28, додека вториот имаше еден помалку, а подели и 10 асистенции.
Ламаркус Олдриџ имаше одличен натпревар за Сан Антонио со 41 поен, но останатите потфрлија. Каваи Леонард реализираше 14 поени, додека Ману Џинобили броеше до 11 поени.
Кливленд засега има максимален ефект во плеј-офот со пет победи од пет натпревари. Откако го исчистија Детроит во првата рунда со 4-0, синоќа поведоа со 1-0 против Атланта совладувајќи ја пред своите навивачи со 104-93. Леброн Џејмс постигна 25 поени, Кајри Ирвинг придодаде 21 поен за сигурен триумф на Кавс, а Кевин Лав имаше дабл-дабл ефект од 17 поени и 11 скока.
Денис Шродер со 27 поени беше најефикасен кај Атланта, а Пол Милсап постигна 17. Вториот натпревар во полуфиналната серија на Истокот помеѓу овие два тима повторно се игра во Кливленд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)