Градот Лестер го живее својот сон. Вечерва, официјално шампиони во Премиерлигата станаа фудбалерите, но има уште една причина за радост – најдобриот снукерџија од Англија, Марк Селби стана светски шампион!
Во финалето тој го совлада Кинезот Динг Џунхуи со 18-14 и ја освои својата втора светска шампионска круна. Селби, кој е роден во Лестер, претходно триумфира во 2014 година до победата дојде на сигурен начин, откако во финишот влезе со предност од 14-11. Селби го запре Динг во обидот да стане прв светски шампион кој доаѓа од Азија.
Лестер го доби вториот шампион само 20 минути по завршувањето на мечот на „Стемфорд бриџ“ меѓу екипите на Челси и Тотнем. Со втората титула, Селби влезе во друштво на Стивен Хендри (7), Стив Дејвис (6), Рони О’Саливен (5), Џон Хигинс (4) и Марк Вилијамс (2) – сите имаат по два или повеќе трофеја на СП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.