| четврток, 6 декември 2018 |

Мајами и Торонто се пласираа во конференциското полуфинале (видео)

toronto

Синоќа заврши првото коло во НБА плејофот откако Мајами и Торонто ги победија конкурентите во мајсторката.

Мајами конечно го скрши отпорот на Шарлот во седмиот меч и со 33 разлика (106-77) покажа кој е кој во овој дуел. Горан Драгиќ со 25 поени и Двејн Вејд со 12 беа најзаслужни за четвртиот триумф на двократниот НБА шампион.

Во полуфиналето на Истокот, Мајами ќе се пресмета со Торонто кои по 15 години ’пост’ ја добија четвртфиналната плејоф серија.

Предводен од Дерозан, тимот на Торонто беше подобар во седмиот меч и заслужено оди понатаму. Тимот пред домашните гледачи ги доби првите три периода, па така, поразот во последниот од 11-20 не го доведе под знак прашање пласманот во наредната рунда. Дерозан беше прв стрелец со 30 поени, иако имаше реализација 10/32 од поле, а по него следеше одличниот Пол Џорџ од Индијана со дабл-дабл учинок од 26 поени и 12 скока од кои 11 се дефанзивни.

Во второто полуфинале ќе се пресметаат Кливленд и Атланта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top