| четврток, 6 декември 2018 |

Чернобил 27 години потоа – град на духови (фото)

Ноќта на 25 април 1986 година во атомската централа Чернобил во северниот дел на Украина во близина на границата со Белорусија, се случи најтешката нуклеарна катастрофа во мирновременски услови.

Во несреќата директно настрадаа 31 лице, а од последиците подоцна починаа околу 200.000 луѓе.

Радиоактивниот облак ги зафати и териториите на поранешен СССР, Полска, Бугарија, Југославија, Германија, Шведска, Швајцарија,   Белгија, Холандија, Велика Британија, Финска, Романија, Австрија. А последиците беа делумно почувствувани на целата северна хемисфера.

27 години потоа, Чернобил се уште е опасна по здравјето на луѓето. Денес ова место личи на град на духови во кои единствени посетители се храбри туристи.

cernobil9 cernobil8 cernobil 7 cernobil6 cernobil5 cernobil4 cernobil3 cernobil2 cenobil1 - Copy

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top