Џош и Џеси биле тероризирани и запоставувани, а Џек Мук веќе не можел да го гледа тоа
Набиениот ќелавко Џек Мук на прв поглед делува страшно опасно. Ужасно е сериозен, постојано има лут израз на лицето и не поднесува глупости. По 22 години во полициска униформа во Питсбург не е ни чудно што е така. Но, сепак, и неговата санта мраз во градите имало што ја стопи и да да го натера да ја покаже својата нежна страна. Сосема неочекувано станал самохран татко на две момчиња и така ги спасил од сиромаштијата од од малтретирањето од биолошките родители.
– Нашите родители нѐ сакаа, но не можеа да се грижат за себе, а камо ли за нас, раскажува 15-годишниот Џош. Тој и неговиот помлад брат Џеси пронајдоа спас во салата за бокс каде што оделе на бесплатни часови, какви што со години водел Мук.
Но, еден ден Џош и Џеси престанале да доаѓаат во салата.
– Се загриживме за нив и решив да ги побарам, се присетува пензионираниот детектив, кој тогаш ја дознал нивната тажна приказна. Нивните родители се зависници од дрога и го изгубија старателството над нив, па децата биле испратени да живеат кај роднини.
Имаа рани од болви
– Конечно ги пронајдов неколку дена пред Божиќ 2012. момчињата не изгледаа добро, на некои делови на главата им недостасуваа цели прамени коса, имаа осипи по целото тело, рани од болви, а се гледаше по нив дека се изгладнувани. Ги земав и веднаш ги однесов во ресторан да се најадат.
– Џош беше многу тивок. Ништи не зборуваше, а кога му кажав дека гледам дека нешто се случува и дека ситуацијата не е добра, почна да плаче, раскажува Мук.
– По целиот тепих има каки од кучињата, а нас нѐ присилуваат да ги чистиме со нашите четкички за заби, едвај изусти момчето.
Секојдневно малтретирање
Дванаесетгодишниот Џош му раскажал на Мук дека кај вујкото и вујната преживувале секојдневни тортури. Колку и да се трудел да го заштити помладиот брат од сѐ, често не успевал.
– Еднаш го доведоа Џеси дома, по скалите го одведоа на горниот кат и го претепаа. Не видов, само ги слушав ударите и плачот. Тоа ме скрши, раскажува Џош. Мук веднаш одлучил да преземе нешто. Кога видел каде живеат, сфатил дека не може да ги остави таму и одлучил да ги доведе во својот дом. Покренал судска постапка за да добие старателство над децата.
Им го спасил животот
Вујкото и вујната се согласиле децата да живеат со полицаецот, а во истата минута кога седнале во неговиот автомобил целиот стрес, гнев и депресија како да исчезнале. Пред некое време Мук и официјално ги посвоил, а кога судијата ги потпишал документите за посвојување, сите здивнаа. Џеси денеска има 11 години и е сигурен дека да не ги земел Мук, е завршеле на улица како скитници.
Кога стигнало момчето во новиот дом, неговите заби биле во толку лоша состојба, што му биле извадени дури пет. Џош е сигурен дека Мук му го спасил животот.
– Не се грижеа за нас. Во куќата секогаш имаше дрога и тоа едноставно не беа добри луѓе. Веројатно денеска би бил мртов, вели Џош, кој денеска на Џек му задава најмногу проблеми со домашните задачи.
– Страшно нешто, морам да учам за да можам да им помогнам за домашните. Ништо не разбирам. Страшно е што учат денешниве деца, се пожалил Мук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)