По привремените промени на врвот од табелата во шпанската Примера Дивизија, работите повторно се вратија по старо. Барселона оствари победа во гости против Бетис со 0-2 и повторно се врати на лидерската позиција.
Барселона одговори со иста мерка на победите на Реал и Атлетико и го сочува првото место на две кола пред крајот на сезоната.
Во првото полувреме немаше голови, но можеби се случи клучниот момент – во периодот од 28. до 35. минута, домашниот играч Вестерман доби два жолти картони и Бетис мораше да го продолжи натпреварот со играч помалку.
Головите за Барса во второто полувреме ги постигнаа Ракитиќ во 50. и Суарез во 81. минута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)