Во англиската Премиер лига денес се одиграа шест натпревари од 36. коло.
Њукасл на домашен терен минимално го совлада Кристал Палас со што ги зголеми шансите за опстанок во Премиер лигата.
Единствениот гол за екипата на Рафа Бенитес го постигна Андрос Таузенд во 58. минута со извонреден шут од слободен удар.
Вест Хем убедливо го совлада Вест Бромвич Албион во гости со 0-3. Ова беше 10-ти натпревар во низа без пораз за тимот на Славен Билич.
Последниот натпревар од саботната програма од 36. коло во Премиер лигата се одигра на „Емирати“, каде Арсенал го совлада Норич со 1-0.
Клучен момент на натпреварот беше 56. минута кога Арсен Венгер во игра го внесе Велбек. Две минути подоцна англискиот репрезентативец постигна гол и го реши победникот на мечот.
Со оваа победа „топџиите“ освоија важни три бода за пласман во ЛШ.
Резултати:
Евертон – Борнмаут 2-1
Њукасл – Крастал Палас 1-0
Стоук – Сандерленд 1-1
Вотфорд – Астон Вила 3-2
ВБА – Вест Хем 0-3
Арсенал – Норич 1-0
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)