Неизвесноста во германската Бундеслига продолжува. Иако многумина очекуваа, сепак денес не заврши трката за титулата. Баерн изигра нерешено против Менхенгладбах, а Дортмунд со победа остана во игра за титулата.
Победа денес против Менхегладбах ќе значеше шампионско славје за Баерн Минхен, но наместо тоа, екипата на Пеп Гвардиола успеа да освои смо бод на домашен терен.
Баерн започнаа одлично. Само по шест минути игра постигнаа водечки гол – по изведен корнер за момент интервенираше гостинскиот голман, по што најдобро се снајде Томас Милер и ја спроведе топката во мрежата за 1-0. Истиот резултат остана до крајот на полувремето.
Во вториот дел следуваше шок за домашните навивачи. Во 72. минута Менхенглдбах стигнаа до израмнување преку Хан, кој биеше прецизно во долниот лев агол од голот за конечни 1-1.
Во Дортмунд целосно друга слика. Разиграните „милионери“ комплетно го декласираа Волфсбург со 5-1.
Кагава го отвори резултатот уште во 7. минута, а две минути подоцна асистираше до Рамос за водство од 2-0.
Во второто полувреме Дортмунд продолжи со офанзивата. Марко Ројс во 60. минута го постигна третиот гол на натпреварот, а Обамејанг со брзи два гола, во 77. и 78. минута ја доведе домашната екипа во водство од високи 5-0.
„Почесниот“ гол за Волфсбург го постигна Андре Шурле во 86. минута.
Денешната програма во Бундеслигата заврши со натпреварот во Леверкузен, каде домашниот Баер прд своја публика ја совладаа Херта со 2-1.
Со оваа победа Леверкузен и теоретски обезбеди трето место на табелата, а со тоа и директен пласман во Лигата на Шампиони.
Резултати:
Баерн Минхен – Менхенгладбах 1-1
Дармштад – Ајнтрахт 1-2
Дортмунд – Волфсбург 5-1
Хановер – Шалке 1-3
Хофенхајм – Инголштад 2-1
Мајнц – Хамбург 0-0
Леверкузен – Херта 2-1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)