| четврток, 6 декември 2018 |

„Кралевите“ привремено први на табелата (видео)

real-madrid-sociedad-bale

Со голот на Бејл во финишот од натпреварот, Реал Мадрид привремено изби на чело на табелата и со евентуални киксови на Барса и Атлетико ќе остане лидер на две кола пред крајот на сезоната и главен претендент за титулата.

Во првиот натпревар денес од 36. коло во шпанската Примера Дивизија, Реал Мадрид во гости минимално го совлада Реал Сосиедад. Победата на Реал им ја донесе Герет Бејл во 80. минута, по нафрлената топка од Лукас Васкез, Велшанецот со глава ја смести топката во голот на домашната екипа.

Оваа победа на „кралевите“ добива дополнително значење бидејќи на овој натпревар настапија без Кристијан Роналдо, Карим Бензема, Марсело и Тони Крос.

Мечот беше неизвесен, дури домаќините и беа подобар противник на моменти, имаа повеќе шанси, голманот на Реал Сосиедад на неколку пати одлично интервенираше, но сепак Реал имаа среќа во завршницата и Герет Бејл му донесе значајни три бода на Реал Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top