| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Стефановски – Иџе победи и на втората трка на „Хунгароринг“

Игор Стефановски-Иџе, најдобриот македонски автомобилист победи и на втората трка на „Хунгароринг“ во ЦЕЗ шампионатот.

Со време од 25:40.534 Стефановски и денеска ја мина целта како прв и се качи на највисокото место од пиедесталот и овозможи уште еднаш да се интонира македонската химна.

На 25. мај е следната трка во ЕТЦЦ категоријата, кога Иџе треба да покаже дека победите во ЦЕЗ не се случајни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top