Игор Стефановски-Иџе, најдобриот македонски автомобилист победи и на втората трка на „Хунгароринг“ во ЦЕЗ шампионатот.
Со време од 25:40.534 Стефановски и денеска ја мина целта како прв и се качи на највисокото место од пиедесталот и овозможи уште еднаш да се интонира македонската химна.
На 25. мај е следната трка во ЕТЦЦ категоријата, кога Иџе треба да покаже дека победите во ЦЕЗ не се случајни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.