Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе постигна одличен резултат откако на втората трка на патеката во Нирбургринг го освои првото место и на двете трки на оваа патека денеска успеа да се искачи на победничкиот подиум. Стефановски во првата трка беше второпласиран.
За нашиот возач ова е втора победа во ЕТЦЦ шампионатот откако првата ја имаше лани, но ова е прв триумф со неговиот тим.
Второто место во втората трка го освои Португалецот Фабио Мота, третопласиран е Петр Фулин од Чешка, победникот од првата трка. Тоа значи истите тројца возачи се најдоа на подиумот на двете трки.
Нашиот возач од денешните две трки освои вкупно 18 поени со што ќе го подобри својот пласман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.