| четврток, 6 декември 2018 |

Тамара од болница: Дечки, пресреќни сме! (ФОТО)

Тамара Тодевска се заблагодари на честитките на сите пријатели и фанови. Македонската пејачка денеска во болницата „Аџибадем Систина“ во Скопје на свет ја донесе Хана. Првата ќерка на Тамара и нејзиниот сопруг Александар Димитровски – Мачка е тешка речиси три килограми и долга 49 сантиметри.

  • Хана мајкина дојде на свет. Слатка, нежна, преубава, драга, најсакана…Дечки, пресреќни сме! Фала за честитки, преубав ден…Ве сакаме – напиша среќната мајка на „Фејсбук“ само неколку часа по породувањето.

taijana

Претходно сестрата на Тамара, Тијана Дапчевиќ, ја сподели веста за породувањето преку социјалните мрежи.

  • Станав тетка, најсреќна сум на свет! Хана да си жива и здрава, да не радуваш до 201 и назад – напиша Тијана Дапчевиќ.

И кумот Сефер не остана покусо и тој ја сподели радосната вест: „Девојче е, Тамара и Мачка нека ви е жива Хана“, напиша кумот и објави фотографии од збунетиот татко.

13100747_10208236607545665_330507476696608462_n 13061918_10208236608105679_8586065649357116412_n

13087322_10208236700147980_4408224903930120005_n

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top