| четврток, 6 декември 2018 |

Автобус прегази жена на улица „Македонија“

Вчера околу 09,40 часот на ул.„Македонија“, во близина на крстосницата со ул.„11-ти Октомври“ во Скопје, автобус со скопски регистерски ознаки управуван од М.Д.(41) од Скопје, удрил во 52-годишната скопјанка Е.С.

Од незгодата таа се здобила со тешки телесни повреди во пределот на главата, по што со возило на брзата помош е пренсена во ГОБ „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош и е задржана за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top