| четврток, 6 декември 2018 |

Канада: Полицијата уапси 80 луѓе во акција против детска порнографија

Полицијата во Онтарио, Канада соопшти дека уапсиле 80 луѓе во рамки на масовна истрага за детска порнографија на интернет, јавуваат локални медиуми.

Против нив се подигнати обвиненија за сексуални напади, поседување, производство и дистрибуција на детска порнографија.

Полицијата соопшти дека досега се идентификувани 20 жртви на порнографија. Канадската полиција во таа акција соработувала со американското Министерство за внатрешни работи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top