Веќе неколку дена главна тема во светските медиуми е новиот албум на Бијонсе со назив „Lemonade“.
Особено внимание привлекла една песна во која се спомнува Беки, која наводно е холивудската дизајнерка Рејчел Рој со која Џеј Зи ја изневерувал Бијонсе.
Бијонсе во песната „Sorry“ пее за жена со која нејзиниот сопруг имал афера. Љубовницата ја нарекувал Беки, а се појавија нови шпекулации дека Беки не е дизјанерката туку пејачката Рита Ора.
Во прилог на тоа оди и фотографијата на Рита која неодамна ја објавила, а на која се гледа како носи синџир со буквата „Ј“ додека позира во градник со лимони. Премногу случјаности зарем не?
Обожавателите не Бијонсе ги преплавија профилите на Рита на социјалните мрежи упатувајќи и бројни навреди.
Инаку ова не е прв пат да се шпекулира за романсата помеѓу Рита и Џеј Зи. Се шпекулираше дека биле во врска на самиот почеток на нејзината кариера кога потпишала договор со музичката куќа на раперот, но таа тоа го демантираше тврдејќи дека е блиска пријателка со славните сопружници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.