Францускиот репрезентативец ризикува да остане без настап на Европското првенство претстојното лето поради инцидентот што го предизвикал на аеродромот во Тулуз.
Извесен Јозеф ги снимал фудбалерите на Лион при пристигнувањето за натпреварот против домашниот тим, а кога Валбуена се појавил, гласно икоментирал: “Еве го човекот поради кого Карим Бензема нема да игра на Европското првенство”. Валбуена го слушнал и збеснал, па тргнал кон Јозеф, му го треснал телефонот од земја, а него почнал да го удира. И тоа е прекршок, но дополнителен проблем за Валбуена е тоа што Јозеф имал документи за инвалидитет.
– Ржеше како питбул, ме удираше, а јас не можев да се бранам. Освен тоа, тој е посилен од мене. Пет дена по инцидентот не можев да спијам. На крајот, лекарот ми препиша антидепресиви – изјави Јозеф кој поднел тужба за скршениот телефон и бара јавно извинување од фудбалерот на Лион.
Валбуена е многу чувствителен кога станува збор за случајот со Бензема. Во него, фудбалерот на Реал е обвинет за изнуда и уцена затоа што му се заканувал на Валбуена дека ќе објави наводни секс снимки со него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.