| четврток, 6 декември 2018 |

Голден стејт ја заврши работата, Шарлот и Портланд направија брејк (видео)

golden stejt

Актуелниот шампион во НБА лигата екипата на Голден Стејт ја заврши работата во првото коло од плејофот откако синоќа на домашен терен славеше победа над Хјустон со убедливи 114-81 и со тоа со вкупни четири победи во серијата стигна до полуфиналето на западната конференција.

Иако повторно настапија без својот најдобар играч Стефон Кари, Вориорс покажаа дека се екстра тим кој може да победи во тимска игра и без првата ѕвезда во тимот. Вориорс имаа фантастичен шут од поле, погодија 54,9% од своите обиди и покажаа дека е тешко да се брани против нив. Бадијала беа 14 скока повеќе на Хјустон кога загубија осум топки повеќе и за тројка шутираа очајни 6/33.

Најефикасен во тимот на Голден Стејт беше Клеј Томпсон со 27 поени, но повторно сите почести ги собра Дрејмонд Грин кој пак беше блиску до трипл-дабл (15 поени, девет скока, осум асистенции, 0 загубени топки). На спротивната страна, Харден беше единствено офанзивно расположен со 35 поени, а Хауард оствари дури 21 скок.

Голден Стејт во полуфиналето на западот го очекуваат подобриот од дуелот ЛА Клиперс – Портланд кој доби неочекуван тек откако Клиперс водеше со 2-0 во победи, а сега Портланд е екипата која е на една победа од големиот успех.

Гостите ги искористија повредите на Крис Пол и Блејк Грифин и победија со 108-98. Тимската игра е она што ги краси Блејзерс кај кои најефикасни беа Мекалум со 27 и Лилард со 22 поени. Шестиот натпревар од серијата се игра во Портланд утре вечер и тоа е добра можност за овој тим да се пласира во конференциското полуфинале.

Слично е и во серијата меѓу Мајами и Шарлот каде Хорнетс направија изненадување на гостински терен и сега водат со 3-2 пред шестиот натпревар дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top