Дали некогаш сте се прашале што би се случило кога сите луѓе на планетета Земја (повеќе од седум милијарди) би скокнале во исто време Одоговорт на ова прашање го дале астрофизичарите Пол Сатер од Универзитетот во Охајо и Марк Бослоу од Сани лабораторија.
Тие тргнале од претпоставката дека сите луѓе би требало да бидат собрани на едно место за да знаат кога треба да скокнат. Доколку сите би се дочекале на нозе во исто време, заедничкиот удар би ослободил големо количество енергија.
Дел од таа ослободената енергија би ја апсорбирале нивните обукви , а остатокот би завршил во воздухот и во почвата. Таквиот удар би бил бучен како најсилна грмотевица и би имал околу 200 децибели, што е доволно да ги пробие ушните тапанчиња.
Освен големата бучава, во исто време би почувствувале тресење на земјата. Скокот во исто време би покренал земјотрес со магнитуда меѓу четири и осум во зависност колку од ударот би апсобирале чевлите, а колку почвата.
Земјотрес со магнитуда четири не би предизвикал поголеми последици, но со магнитуда осум би ги уништил сите послаби градби, далеководи, би ги искривил пругите и би ги урнал мостовите. Освен тоа, ударот би предизвикал цунами со бранови повисоки од 30 метра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)