| четврток, 6 декември 2018 |

Митровски: Штедните влогови се сигурни и стабилни

Банкарскиот систем е најздравиот дел од нашата економија. Во моментов банките имаат вишок ликвидни средства и подготвени се да ги сервисираат сите потреби на граѓаните, а штедните влогови се сигурни и стабилни. Ова го посочи денеска на прес-конференција претседателот на Здружението на банкарство при Стопанската комора на РМ Коста Митровски.
denari
– Банкарскиот систем поседува висока капитализираност, адекватноста на капиталот е речиси два пати поголема од пропишаниот законски минимум, и како и во изминатиот период така и сега банките располагаат со висока ликвидност, појасни Митровски.

Според него врвен приоритет на сите банки во Република Македонија бил и секогаш ќе биде, на своите штедачи, било да се тоа правни или физички лица, да им ги гарантираат штедните влогови, да им овозможат во секое време да можат да располагаат со нив, да ги разорочуваат доколку тоа го сакаат, да ги подигаат, да вршат менувачки работења, да плаќаат со нив во земјата и во странство и да креираат нови депозити со услови прифатливи за нив.

– Бидејќи е тоа така, а така било и во услови на економски кризи низ кои поминавме сите овие изминати години, во името на моите колеги кои ги водат домашните банки сум овластен да ги известам граѓаните дека штедните влогови што ги имаат во банките им се сигурни и стабилни, изјави Митровски.

Тој потенцираше дека граѓаните немаат потреба да бидат вознемирени, заштедите во банките им се сигурни и стабилни и дека тие треба да се водат само од својот интерес, а тоа е средствата да им се оплодуваат и да ги пласираат таму каде што тие самите ќе одлучат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top