| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕирнете во музичката резиденција на Принц

По веста за смртта на Принц, бројни обожаватели во негова чест се собраа пред неговата резиденција во Минесота. Неколку новинари, пријатели и фанови имаа среќа да влезат внатре во живеалиштето и студиото на талентираниот музичар, големо преку 5.000 метри квадратни.

vo-muzichkata-rezidencija-na-princ....216900

За да влезат, секој од нив мораше да ги остави телефоните, камерите, па дури и диктафоните, бележниците.

vo-muzichkata-rezidencija-na-princ....216901

Според поранешната љубов на Принц, Шила, секогаш постои шанса јавноста да има можност да ѕирне во внатрешноста.

-Се надеваме дека овој простор ќе го направиме она што Принц сакаше да биде. Тој работеше на тоа оваа куќа и студио да станат музеј, па собираше предмети и спомени од сите турнеи. Дел од нив се неговиот мотор и моите тапани. Насекаде се фотографии од него, некои сте ги виделе до сега, а некои никогаш не беа пласирани во јавност. На ѕидот има мурал со неговите раце нанадвор, а од едната страна се сите луѓе на кој тој извршил влијание, додека на другата сме сите ние што сме играле со него… Прекрасно – објаснува Шила.

vo-muzichkata-rezidencija-na-princ....216903

Додека резиденцијата на Принц да стане музеј во кој сите ќе можат да влезат, погледнете ги неодамна објавените фотографии од 1990-та година, токму од внатрешноста на куќата и студиото.

vo-muzichkata-rezidencija-na-princ....216904vo-muzichkata-rezidencija-na-princ....216905

vo-muzichkata-rezidencija-na-princ....216906

vo-muzichkata-rezidencija-na-princ....216907

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top