По веста за смртта на Принц, бројни обожаватели во негова чест се собраа пред неговата резиденција во Минесота. Неколку новинари, пријатели и фанови имаа среќа да влезат внатре во живеалиштето и студиото на талентираниот музичар, големо преку 5.000 метри квадратни.
За да влезат, секој од нив мораше да ги остави телефоните, камерите, па дури и диктафоните, бележниците.
Според поранешната љубов на Принц, Шила, секогаш постои шанса јавноста да има можност да ѕирне во внатрешноста.
-Се надеваме дека овој простор ќе го направиме она што Принц сакаше да биде. Тој работеше на тоа оваа куќа и студио да станат музеј, па собираше предмети и спомени од сите турнеи. Дел од нив се неговиот мотор и моите тапани. Насекаде се фотографии од него, некои сте ги виделе до сега, а некои никогаш не беа пласирани во јавност. На ѕидот има мурал со неговите раце нанадвор, а од едната страна се сите луѓе на кој тој извршил влијание, додека на другата сме сите ние што сме играле со него… Прекрасно – објаснува Шила.
Додека резиденцијата на Принц да стане музеј во кој сите ќе можат да влезат, погледнете ги неодамна објавените фотографии од 1990-та година, токму од внатрешноста на куќата и студиото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Првата жена ја изневеруваше без срам, а со сегашната троши ненормални суми пари: Принцот Чарлс ја разбесни јавноста!
-
Принцот Вилијам: Александар е добро име за новиот принц
-
Наследниците на Принс поднесоа тужба: Тие можеа да ја спречат неговата смрт
-
Полицијата објави видео од Принц, еден ден пред смртта: Бил потполно блед и изгубен (видео)