| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Крос речиси перфектен, против Манчестер Сити само еднаш погреши

Реал Мадрид целосно ја контролираше играта на редината од теренот против Манчестер сити, а најзаслужен за тоа е Тони Крос, кој одигра речиси перфектен натпревар.

Педантните статистичари обелоденија дека Крос имал 75 успешни и само едно непрецизно додавања, просек од 98,7% со што Германецот уште еднаш докажа зошто важи за еден од најдобрите светски играчи за врска. Ако на тоа се додаде дека успеал да освои осум топки во дуел игра, а згора на тоа и претрчал 11 километри, јасно е дека Крос е играчот што остави најсилна трага на синоќешниот дуел во Манчестер.

Останува да се види дали „кралевите“ наскоро ќе му понудат нов договор на германскиот плејмејкер или пак сериозно ќе размислат за негова продажба, со оглед на фактот дека Манчестер јунајтед е подготвен да плати 50 милиони евра за да го доведе Крос во своите редови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top