| четврток, 6 декември 2018 |

Боење со свила: Најубавата и најлесната техника за вапсање јајца (видео)

Интересна идеја како да ги искористите старите парчиња свила, а притоа да имате убаво ишарани велигденски јајца.

jajtsa6

Постапка:

1 .Бело јајце замотајте во парче свила ( големина 20х20 см) така што убавата страна е свртена кон јајцето. Потоа со ластик врзете ја свилата така што јајцето целосно да биде замотано во неа.

2. Потоа над свилата на истиот начин врзете памучна ткаенина и исто прицврстете ја со ластик.

3. Јајцата ставете ги во  тенџере со вода во која ќе ставите 2 лажици оцет.

4. Откако јајцата ќе зовријат, варете ги на тивко уште 25 минути.

5. Јајцата извадете ги од тенџере и оставете да се изладат.

6. Одмотајте ги јајцата и премачкајте ги со зејтин или со маргарин.

Погледнете го видеото во прилог и дознајте како и вие да бојадисате неверојатно убави велигденски јајца со свила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top