На 28 април 2016 г. во 18,30 часот во популарниот клуб ПЕРОТО при НДК (Национален дворец на културата) во Софија, ќе се одржи промоција на новиот превод на поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски на бугарски јазик „Последните ракописи“. Станува збор за обемен поетски пресек кој ги опфаќа сите развојни фази на поетот. Преводот е на Роман Кисјов, кој се смета за најобар преведувач на македонската поезија на бугарски јазик и досека има преведено повеќе македонски поети, меѓу кои Ацо Шопов, Анте Поповски, Радован Павловски, Влада Урошевиќ, Ефтим Клетников и др. Во бугарската критика за поезијата на Ѓорѓо се вели: „Карактеистиките на неговата пезија се: имплицитноста, иконичните знаци, херменвтиката, полисемантичноста, обземеноста, а пред се врвниот артизам на стихот“. Книгата ја објави издавачката куќа Смол Стејшенс Прес, а е подржана од мрежата Традуки.
Поетот во Софија ќе го преттсват Цветанка Еленкова, издавачот на книгата, Владимир Левчев, поет и Рома Кисјов, преведувачот на неговата поезија.
Оваа е втора книга од Славе Ѓорѓо Димоски на буграски јазик, а на други јазици има објавено 15 книги. Негоиви песни и поетски циклуси се преведени на над триесет јазици.
Познатаа белградска куќа „Архипелаг“ деновиве ќе ја објави книгата „Јазичен триптихон“ која ја добу годишната награда „Ацо Шопов“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.