Најдобриот играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, не се најде вечерва во составот на „кралевите“ што истрча на „Етихад“ на дуел против Манчестер сити во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Тој има повреда на бутниот мускул, а раководството и стручниот штаб заедно со Роналдо одлучиле Португалецот сепак да биде поштеден.
– Да беше финалето вечерва, сигурно ќе играв. Вака, останува да го чекам реваншот со Манчестер сити – изјави кусо Роналдо.
Првиот натпревар во Манчестер заврши без голови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.