| четврток, 6 декември 2018 |

Нема дилеми: Избирачкиот список може да гарантира веродостојни и кредибилни избори

dik-8

Државната изборна комисија вечерва во рамки на 35. седница го усвои Извештајот од вкрстените, теренските и административните проверки заради ажурирање на избирачкиот список врз основа на Правилникот за методологијата за водење и ажурирање на Избирачкиот список.

На седницата, како што потврдија од ДИК, за извештајот гласале шест членови, а еден бил против.

Двајцата членови од СДСМ не присуствуваа, а претседателот Александар Чичаковски гласаше против. Според Силвана Бонева и Сашко Срцев, расчистени се сите дилеми и Избирачкиот список може да гарантира веродостојни и кредибилни избори.

Инаку, од денеска, според роковникот на Државната изборна комисија, сите заинтересирани граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, имаат право да поднесат листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија за изборната единица број 7.

Рокот за собирање потписи пред ДИК, односно во подрачните одделенија, како и во ДКП, е од 25 април до 9 мај 2016 година.

Од вчера ДИК го стави на јавен увид избирачкиот список. Граѓаните, наредните 15 дена може да проверат дали ги има на списокот електронски, на веб-страницата на ДИК или лично, во подрачните одделенија на комисијата.

Рокот за проверка е 15 дена. Увидот во избирачкиот список може да се изврши секој ден од 8.30 до 19 часот во подрачните одделенија на ДИК, додека проверката на веб-страницата на Комисијата се врши само со матичен број.

Партиите пак, кандидатските листи ќе треба да ги заклучат на 11 мај за веќе од 16 да започне изборната кампања. Крајниот избирачки список треба да биде готов на 19 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top