| четврток, 6 декември 2018 |

Истрагата откри: Убиецот на Јелена Марјановиќ демне нова жртва слична на неа?

Истрагата трае три недели, а најновите податоци покажуваат дека пејачката е убиена поради невозвратена љубов.

nestala-jelena-marjanovic-670x376-620x350

Според најновите сознанија од истрагата пејачката Јелена Марановиќ најверојатно ја убил човек кој опсесивно бил вљубен во неа, а таа не му ги возвраќала чувствата.

-Тој со месеци ја следел Јелена, се обидувал да и пријде, но кога таа го одбила, решил брутално да ја казни, изјавил извор близок до истрагата за медиумите. Според неговите зборови полицијата не ја исклучува можноста во следните денови повторно да  има напад на некоја жена со што убиецот би ја покажал својата  моќ.

jelena-krsmanovic-marjanovic-foto-printscreen-instagram-1460630954-886261

-Станува збор за психопат, кој на Јелена и нанесе околу 30 силни удари во главата токму поради големата омраза која ја почувствувал кога го одбила контактот со него. Врз основа на досегашните податоци на истрагата, помалку е веројатно дека Јелена ја убил некој од поблиското семејство. Доколку претпоставките кои ги имаме се точни, постои сериозна индикација дека тој ист маниијак порано или подоцна повторно ќе нападне девојка слична на Јелена – навел изворот од истрагата и потенцирал дека  овие толкувања треба сериозно да се земе во предвид.

Kanal-u-naselju-Crvenka-Forezicari-Jelena-Jeca-Marjanovic-Foto-Telegraf09

Според неговите зборови, убиецот имал силни чувства кон Јелена и со злосторот сакал да и се одмазди.

-Ако се потврди претпоставката дека Јелена е убиена на друго место, а потоа била донесена и фрлена во каналот во населбата Црвенка, тоа потврдува дека убиецот долго се подготувал и дека злосторството го испланирал до најситен детаљ. Сите траги се професионално тргнати. Постојат индикации и дека убиецот ги избришал рацете на Јелена со варакина знаејќи дека само на таков начин ќе го отстрани својот ДНК од нејзините прсти или од под ноктите – појаснил изворот од истрагата.

kuca-marjanovica

Целата населба Борча е под надзор на полицијата поради истрагата која се уште трае но и поради претпоставката дека психопатот подготвува нов напад.

-Според бројот на ударите кои и ги задал на Јелена, заклучено е дека станува збор за физички силен маж на средни години. Убиецот не е психијатриски  болесник, туку лице кое извесен период детално го смислувало  и испланирало убиството. Злосторот е лесно да се реши доколку се открие мотивот. Во овој случај мотивот се уште не е кристално јасен, но се претпоставува дека тоа е одмазда поради невозвратена љубов. Одбивањето на Јелена кај убиецот предизвика одмазнички нагон, поради што по подолго следење и набљудување решил брутално да и го одземе животот на пејачката – заклучува изворот од истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top