Сопругата на актерот Џорџ Клуни, Амал, има потреба од телохранители, бидејќи се поголем проблем и претставува да се сокрие од папараците и фановите на јавни места.
Ова го сподели самиот Клуни, кој призна дека е загрижен за безбедноста на својата сопруга. Тој се пожали дека двајцата се потешко наоѓаат места на кои да не бидат прогонувани од објективите на печатот.
Интересот за животот на семејството почнува сè повеќе да и пречи неговата партнерка, Адвокатката за човекови права Амал Клуни, кој не е навикната да се крие, да не може да се шета во паркот или да седне во омиленото кафуле.
Неодамна актерот изјави дека папараците ја следат неговата сопруга дури и во Универзитетот Колумбија во кој предава. Неодамна неговата сопруга добила дури и смртна закана.
– Славата почна да не гуши. Понекогаш сакам да излезам надвор и никој да не ме познава, изјави Клуни, додавајќи дека телохранители и се потребни повеќе на неговата сопруга, отколку на него. Во интервју тој ја отвори својата душа и призна дека е заљубен повеќе од било кога.
– Никогаш не сум бил толку среќен во врска. На 52 години ја најдов љубовта на мојот живот и сум посреќен од било кога, вели Клуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.