| четврток, 6 декември 2018 |

Проблем за Голден стејт, Стеф Кари ќе паузира најмалку две недели

stef kari

Деталните лекарски прегледи врз Стеф Кари покажаа дека не станува збор за кинење на лигаментите, но повредата на коленото сепак е доволно сериозна за најдобриот кошаркар на Голден стејт да отсуствува најмалку две недели од терените.

– Станува збор за истегнување од прв степен на лигаментите во коленото. Тој сигурно ќе паузира две седмици, а потоа ќе направиме нови прегледи, по што ќе видиме како течела рехабилитацијата – соопштија од медицинскиот тим на Голден стејт вориорс.

Американските медиуми најавуваат дека паузата на Кари речиси сигурно ќе биде подолга од 15 дена, тој дефинитивно ќе ја пропушти полуфиналната серија на „западот“ против ЛА клиперс или Портланд, но „воините“ се надеваат дека нивниот МВП ќе може да настапи во следната фаза, во обидот Голден стејт да го одбрани трофејот освоен лани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top