| четврток, 6 декември 2018 |

Оклахома го реши Далас, Шарлот и Портланд не се предаваат (видео)

oklahoma

Екипата на Оклахома ќе биде противник на Сан Антонио Спарс во полуфиналето на Западната конференција откако ноќеска по четврти пат го совлада Далас со 118-104.
Вестбрук, Дурант и другарите немаа поголеми потешкотии да стигнат до нов триумф над Далас, кој предводен од Дирк Новицки кој реализираше 24 поени на овој меч немаше сили за повеќе од една победа во оваа плејоф серија. Расел Вестбрук беше во главна улога на синоќешниот натпревар реализирајќи 36 поени, надополнети со 12 асистенции и 9 скокови. Дурант придонесе со 33 поени за четвртиот триумф над Далас, додека кај гостинскиот тим најефикасен беше Новицки со 24 поени.

Полуфиналната серија меѓу Сан Антонио и Оклахома почнува на 30 април на теренот на Спарс. Тоа е првата комплетирана двојка во втората рунда од плеј офот.

Екипите на Шарлот и Портланд не се предаваат во првото коло од плејофот и со синоќешните победи над Мајами односно ЛА Клиперс стигнаа до израмнување на 2-2 во серијата до четири победи.

Портланд стигна до втората победа со уверлива игра победувајќи ги Клиперс со 98-84. Амину со 30 поени го предводеше Портланд во овој триумф, а уште поголем проблем за клиперси од поразот претставува повредата на главниот играч, Крис Пол, кој поради скршеница на дланката сега сигурно ќе мора да мине извесно време надвор од терените.

Кемба Вокер со 34 поени го предводеше тимот на Шарлот до победа над Мајами од 89-85, израмнувајќи на 2-2 во оваа плејоф серија од источната конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top