На единствениот натпревар денес во англиската Премиер лига, вистински шок за навивачите на Тотенхем. Нивниот тим не успеа на свој терен да го победи Вест Бромвич Албион, изиграа нерешено 1-1 и сега заостанува огромни седум бода зад водечкиот Лестер на три кола пред крајот на сезоната.
Многумина претпоставуваа дека Тотенхем вечерва нема да има проблем на „Вајт Харт Лејн“ да оствари нова победа и да ги задржи шансите за освојување на титулата во трка со Лестер.
Тие претпоставки уште повеќе се потврдија после водечкиот гол во 33. минута. После еден слободен удар, во гужва во петерецот гостинскиот играч Крег Досон ја закачи топката и постигна автогол за водство на Тотенхем од 1-0.
Во второто полувреме сите дилеми околу победникот можеше да ги реши Ерик Ламела, но неговиот одличен шут заврши само во стативата.
Како изминуваше времето, нападите на ВБА стануваа почести, што посебно дојде до израз во 72. минута, кога Рондон имаше одличен обид, но топката заврши во корнер.
И токму по изведувањето на тој корнер, „трагичарот“ од првото полувреме, Крег Досон ја искористи лошата реакција на голманот и со глава постигна гол за израмнување и се извади за автоголот.
Домашната екипа не успеа да се поврати од шокот до крајот на натпреварот и резултатот остана непроменет.
Во следното коло Лестер гостува кај Манчестер Јунајтед, а Тотенхем кај Челси.
Табела:
1. Лестер 76 бода
2. Тотенхем 69
3. Манчестер Сити 64
4. Арсенал 64
5. Манчестер Јунајтед 59
6. Вест Хем 56
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)