| четврток, 6 декември 2018 |

Најново: Монструмот прво ја зашеметил, па крвнички ја претепал со стап

Јелена Марјановиќ е убиена пред повеќе од три недели во Борча, а прво била зашеметена па потоа убиена, најверојатно со стап, открива српскиот „Курир“.

jelena smrt

Убиецот ѝ дошол одзади грб и ѝставил марамче натопено во холофром, а кога ја загубила свеста ја убил со удар во глава и ја фрлил во канал.

Јелена на почетокот се обиде да даде отпор, не го гребела, туку го удирала со стиснати тупаници, а токму поради тоа под нејзините нокти не се најдени траги на убијците.

Како што тогаш пишуваа медиумите, по убиството, несреќната жена имала 30 удри со тап предмет во главата, од кои добила неколку фрактури на скелетот поради кои ѝ починала.

Обдукцијата покажа дека и наспроти  бројните удари што ги добила, смртта настапила кога Јелена Марјновиќ се наголтала од водата од каналот во кој е пронајдена. Во нејзините бели дробови е пронајдена вода и честички од каналот, што покажува дека таа била жива кога била фрлена во каналот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top