| четврток, 6 декември 2018 |

Најубавите плажи во Европа

Плаја ел Канјуело, Тарифа, Шпанија

Тарифа, во јужна Шпанија е преубава плажа со бел песок, која се наоѓа во близина на малку познатиот залив Ел Канјуело. До плажата може да се дојде само по 30 минутна прошетка низ боровата шума, а поголем дека од годината овој предел е пуст. Оваа локација е само 800 метри од Африка. Неофицијално, ова е нудистичка плажа.

Арифана, Португалија

A section of the idyllic Praia de Rocha beach on the southern coast of the Portuguese Algarve region.

На југозападнниот брег на Алгарве, јужната португалска покраина се наоѓа една од најубавите европски плажи. Идеална е за сурфање поради големите бранови на Атланскиот океан. Ако не сакате сурфање, секогаш може да се излежувате на плажа додека гледате во брановите.

Брајтон, Велика Британија

1241

Брајтон е град на јужниот брег на Англија и е едно од омилените летувалишта на Британците. Песочните плажи и еуфоричната атмосфера се идеални за младите туристи, а Брајтон е познат по добрата забава и по журките.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top