Пријателката на трагично починатата Јелена Марјановиќ, Нада Топчагиќ го посети нејзиниот дом каде се дружеше со нејзината ќерка Јана.
-Ги посетив Марјановиќ во Борча со внуката Мирјана затоа што сакаше да се игра со малата Јана. Бевме таму речиси четири часа и можам само да ви кажам дека тоа семејство повеќе не е ист. Сите се тажни и депресивни – изјавила Нада за медиумите.
Таа речиси секој ден доаѓа во посета на ова семејство, која повеќе од три недели го очекува апсењето на убиецот на Јелена.
-Во саботата за прв пат влегов во музичкото студиото во кое пееше Јеца, а кое се наоѓа во нивната семејна куќа. Тамус е нејзините фотографии. Малата Јана зема една фотографија ја гушкаше и ја бацуваше. Ми кажа:„Тетка Нада јас ја имам најубавата мајка на светот. Мојата мајка се уште ја нема но ќе се врати таа. Нема таа мене да ме остави сама“. Срцето ќе ми искочеше од градите – низ солзи зборувала Нада.
-Мојата внука од Јана побара кукла, а таа и вели:„Нели мајка ми ти подари една кукла, ај да се врати па ќе ја прашам да ти ја дадам и оваа“. Го гледам тоа преубаво мало умно девојче и солзите сами си капат. Постојано трча по татко и, го гушка го бакнува, мислам дека е во паника и тој да не дај Боже го снема, да не ја остави сама. Господ нека им е на помош. – раскажува Нада.
Пејачката објаснила и како поминал денот во куќата на Марјановиќ.
-Тажно, многу е тажно. Дојде и мајка и на Јелена Зорица. Таа од болка не знае каде се наоѓа. Многу е тешко да се гледа сето тоа. Не се дели од внуката. Нон – стоп пие седативи. Сите се тажни и гледаат во една точка. Му се молат на Господ оваа неправда да заврши и да го пронајдат убиецот на нивниот ангел. Кучето на Јелена со денови не јаде и само завива од болка, седи на едно место и ја чека. Темнина владее со таа куќа, како сите да починале на 2 април – кажала Нада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.