Сузана Манчиќ нема проблем со самодоверба, па така никогаш не се грижела дали мажите со кои имала интимна врска и биле верни.
Манчиќ собра симпатии со изјавата како се однесува маж кога е неверен. Имено, таа во изјава за медиумите појасни дека мажот се однесува поинаку кога лаже и кога има друга жена.
-Зависно за што лаже. Но кога е во прашање прељуба мажот ќе внимава на линијата, ќе се бричи секој ден, тоа се некои индикации, ако е стокмен, намирисан, дотеран – кажала Сузана. Таа не ја исклучува можноста дека некогаш била изневерена и дека за тоа никогаш не дознала.
-Сигурна сум дека ме мамеле, можеби јас сум со грешка, но никогаш не сум била љубоморна, никогаш не го проверував мажот со кој сум била каде бил и со кого…Можеби мојата самодоверба беше мојот најголем штит. Сметам дека доколку некој сака да биде со мене тој ќе се потруди да бидеме така, ако не сака, што и да сторам јас тој ќе си тера по свое- појаснила Сузана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.