| четврток, 6 декември 2018 |

Како за утеха од поразот од Веспрем, Данил Шишкарев го има најубавиот гол во четвртфиналето (видео)

vardar

Иако Вардар загуби во првиот натпревар во четвртфиналето од Лигата на шампионите на домашен терен од Веспрем, како за утеха играчот на вардарци Данил Шишкарев е стрелец на најубавиот гол во првите четвртфинални натпревари.

Десното крило на фантастичен начин, во стилот на својот соиграч и репрезентативен колега Тимур Дибиров, го надмудри Алиловиќ и ги крена на нозе присутните во СЦ „Јане Сандански“. Дибиров со своја мајсторија е третопласиран на оваа ранг-листа, додека на петтото место е Кире Лазаров со фрлениот цепелин до Сигурдсон на гостувањето на Барселона во Кил.

Најубавите пет гола во првите четвртфинални натпревари во ракометната ЛШ можете да ги проследите на следниот ЛИНК.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top