| четврток, 6 декември 2018 |

Кристал Палас е вториот финалист во ФА купот (видео)

crystal-palace-watford-240416

Кристал Палас денес го совлада Вотфорд со 2-1, со што си закажа финале со Манчестер Јунајтед во ФА купот.

„Црвените ѓаволи“ вчера го совладаа Евертон со 2-1, со што стана фрвиот финалист во ФА купот, а вториот го добивме денес откако Кристал Палас на Вембли го совлада Вотфорд со ист резултат.

Ова ќе биде второ финале во ФА купот за Кристал Палас. Првото го играа во 1990 година, но останале без трофеј таа година.

Првиот гол по постигна Јаник Боласи уште во 6. минута, со што Кристал Палас поведе со 1-0.

Истиот играч имаше шанса на стартот од второто полувреме да го дуплира водството, но Боласи немаше среќа уште еднаш да се запише во листата на стрелците.

Казната следеше пет минути подоцна, во 55. минута Трој Дини со глава успеа да го израмни резултатот и да донесе голема радост на фудбалерите на Вотфорд.

Сепак, нивната радост траеше само шест минути, Конор Викам ги покажа своите напаѓачки способности, ја искористи својата шанса и без проблем го совлада противничкиот голман за конечни 2-1 и пласман во финалето на ФА купот.

Финалето на ФА купот помеѓу Манчестер Јунајтед и Кристал Палас ќе се одигра на 21. мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top