| четврток, 6 декември 2018 |

Лестер победува и без Варди, Арсенал само бод против Свонси (видео)

lester-swansea-240416

Денес се одиграа два натпревари од 35. коло во англиската Премиер лига.

Лестер убедливо славеше над Свонси со 4-0 и сега има осум бодови повеќе од второпласираниот Тотенхем, кој утре го пречекува тимот на ВБА.

Лестер до победата дојде со головите на Ријад Марез во 10., Улјоа во 30. и 60. и Олбрајтон во 85. минута. За потсетување, за тимот не настапи Џејмс Варди кој доби два меча суспензија поради црвениот картон на натпреварот со Вест Хем.

На Лестер до крајот му се потребни уште две победи за да си ја осигура титулата, без разлика на резултатите на Тотенхем. А за тоа ќе треба да се помачат, следното коло гостуваат кај Манчестер Јунајтед, потоа го пречекуваат Евертон и во последното коло гостуваат кај Челси.

 

Арсенал заостанува во борбата за третото место. Екипата на Арсен Венгер денес го забележа третото реми во последните четири кола.

Сандерленд и Арсенал поделија бодови, одиграа без голови на „Стадионот на светлината“.

Со овој освоен бод Арсенал сега го дели третото место со Манчестер Сити, а Сандерленд падна на 17. место, на самата граница од зоната на испаѓање.

Табела:

1. Лестер 76 бодови
2. Тотенхем 68
3. Манчестер Сити 64
4. Арсенал 64
5. Манчестер Јунајтед 59
6. Вест Хем 56
7. Ливерпул 55

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top