Американскиот музичар Принс (57) кој почина во четвртокот во Минесота, е кремиран по одржана приватна церемонија на која биле неговите роднини, пријатели и музичари.
Неговата соработничка, Ивет Ноел Шур соопштила дека членовите на неговото семејство се собрале на приватна и прекрасна церемонија за да се простат од него.
Не е објавено каде е била одржана церемонијата, но некои музичари биле видени како влегуваат на имотот на Принс кој се наоѓа во Минесота. Таму се видени и неговата сестра, Тајка Нелсон како и зетот Морис Филипс.
Инаку, Шур рекла дека анализите од аутопсијата ќе бидат готови за 4 недели, а до тогаш не се знае причината за неговата смрт.
ТАГОВИ:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бил член на Јеховините сведоци – Принс не и дозволил на сопругата киретажа, иако имала спонтан абортус!
-
Трагедија од која пејачот никогаш не заздрави: Кога го виде нашиот син, насмевката му се претвори во ужас!
-
Кој сакал да го убие Принс – Фентанил пронајден во шишенца за Витамин Ц
-
Обдукцијата потврди: Принц починал од предозирање со лек против болка